Дел од мисијата “СП 2018 в Германија“ ќе бидат четворица вардарци. Тие се дел од репрезентацијата на Македонија за подготовките за ракометниот планетарен собир кој ќе се одржи во јануари во Германија.
Капитот на црвено-црните, Стојанче Стоилов и вардаровото крило, Мартин Поповски се дел од играчкиот состав. Тренерот на Вардар, шпанецот Роберто Парондо е дел од стручниот штаб на репрезентацијата тој ќе ги стартува подготовките во Скопје. Во стручниот штаб на црвено-жолтите за голманите задолжен ќе биде вардаровиот тренер на “чуварите на мрежата“, г-н Александар Царчев. Собирот на ракометари е закажан денес, 24 декември ,понеделник со почеток во 16:30 часот во хотел „Александар Палас” во Скопје. Првиот меч на СП селекцијата на Македонија ќе го има на 11 јануари кога ќе игра против Јапонија.