Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Започна 4.коло во Јуниор лигата, РК Урдаревски отвори со победа над Ангели кај момците генер.2004/05
Започна 4.коло во Јуниор лигата, РК Урдаревски отвори со победа над Ангели кај момците генер.2004/05

Започна 4.коло во Јуниор лигата, РК Урдаревски отвори со победа над Ангели кај момците генер.2004/05

Денес во Спортскиот центар “Јане Сандански“ стартуваше 4.коло  во Вардар Јуниор лигата. Во единствениот натпревар кај момците родени 2004 и 2005 година победата ја однесе екипата на РК Урдаревски Вардар од Скопје во средбата со Ангели со резултат 26-9.

4

Тимот на РК Урдаревски Вардар тргна силовито на самиот старт, успеа да врзе шест гола во низа, а неприми ниту еден па дуелот го отвори со високи 6-0. Ангели Вардар по половина од првиот дел успеаа да погодат и да намалат на 6-1.  Од минута во минута Урдавски ја зголемуваа предноста на оваа средба, тие успеаа да отидат на пауза со девет гола позитива на своето конто. На одморот стоеше 11-2 на семафорот во “Јане Сандански“ во Скопје.

3

Вториот дел по многу што наликуваше на првиот, повторно со серија Урдаревски го полнеше голот на својот противник. Тие успеаа да се одлепат на 18-2.  Следеа минути во кој тимот на РК Ангели кој во просек беше далеку помлад од противникот успеаа да парира во играта. Тие на седум гола на противникот успеаа да вратат со иста мерка за 25-9 до почетокот на последната минута. Победникот на овој меч погоди уште еднаш за конечни 26-9.

4