Најмладата селектирана генерација на ракометари родени “2002„ година претстојниов викенд ќе настапи на турнир во Србија, каде ќе одигра два контролни натпревари против селекциите на Србија и Унгарија, кои воедно ќе бидат и дебитантски за оваа новоформирана селекција на млади ракометари. На турнирот, Македонија ќе биде предводена од Никола Матлиески, актуелен тренер на Пролет.
На скратениот список на селекторот се најдоа шест ракометари од редовите на Вардар. Се работи за Дамјан Димитријевски, Марио Мишевски, Бојан Чакалиќ, Велимир Грујевски, Давид Савревски и Симон Калајџиески. Од списокот поради повреда отпадна голманот на Вардар, Леонид Чорогунов.