Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Победа од Прилеп е противник за вардаровите екипи, во рамките на 8.првенствено коло
Победа од Прилеп е противник за вардаровите екипи, во рамките на 8.првенствено коло

Победа од Прилеп е противник за вардаровите екипи, во рамките на 8.првенствено коло

Во сабота и недела на програмата е 8.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Победа од Прилеп ќе биде следниот противник за вардаровите генерации. Пионерските екипи во недела гостуваат во Прилеп, додека кадетите и младинците во сабота се домаќини на теренот во населбата Јане Сандански.

Со победата против Шкупи, помладите пионери ја прекинаа серијата од два меча без победа и се вратија на второто место на табелата, со само 3 бода заостанување зад екипата на Работнички. Знаеме дека минатото 7.коло беше одложено поради настапот на селекцијата до 17 години, на квалификациски турнир за пласман во елитната рунда. Натпреварот со Победа е дерби во првата помлада пионерска супер лига, со оглед дека прилепчани се наоѓаат на 4.место со само бод помалку од екипата на Вардар. Натпреварот во недела во Прилеп започнува од 10:30 часот.

Пионерите ќе се обидат да ја продолжат серијата на победи и на гостувањето кај екипата на Победа. Оваа генерација се наоѓа во добра форма и го држи врвот на табелата во пионерската супер лига, со 4.бодови повеќе од екипите на Работнички, Акад.Пандев и Њу Старс. Пионерите на Победа се во долниот дел на табелата и после 6 одиграни кола имаат само 6 освоени бодови. Мечот на пионерските екипи во Прилеп, ќе стартува во терминот од 12:30 часот.

Кадетите после поразот на домашен терен од Шкупи ги очекува уште еден домашен меч и тоа повторно против екипа која нема се уште победа во оваа возрасна категорија. Победа нема ниту еден триумф после седум одиграни кола, а имаат дури четири нерешени резултати и три порази. За Вардар радува фактот што после настапот во селекцијата, се враќаат во составот Ѓурковски и Андоновски. Натпреварот во сабота стартува од 11:00 част.

После триумфот против Шкупи, младинците на Вардар се доближија на екипата на Шкендија, на само три бода заостанување и се наоѓаат на второто место на табелата. Црвено-црните се фаворити во дуелот со прилепчани, младиниците на Победа после 7.одиграни кола имаат освоено само 6 бодови. За Вардар се освен триумф ќе биде изненадување на овој дуел од 8.коло на младинската супер лига, меч кој започнува од 13:00 часот.