Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ: Вчера беше посебно емотивен момент за мене, да се вратам на местото, каде што не се чувствувам како гостин, туку како да сум дома
Абутовиќ: Вчера беше посебно емотивен момент за мене, да се вратам на местото, каде што не се чувствувам како гостин, туку како да сум дома

Абутовиќ: Вчера беше посебно емотивен момент за мене, да се вратам на местото, каде што не се чувствувам како гостин, туку како да сум дома

Илија Абутовиќ вчера се појави во С.Ц. Јане Сандански, но за прв пат како играч на противничкиот тим. Неговиот тим, Рајн-Некар, доживеа пораз на натпреварот со Вардар, а поранешниот “столб” на црвено-црните доби овации од публиката и доби дрес како благодарност за сиот свој придонес во Вардар, од капитенот Стоилов.

Абутовиќ не заборави да се заблагодари за неверојатниот пречек кој го имаше во Скопје, па на својот инстаграм профил го напиша следново: Вчера беше посебно емотивен момент за мене, да се вратам на местото, каде што не се чувствувам како гостин, туку како да сум дома. Сакам да ви се заблагодарам на сите атоа што ми приредивте ваков дочек полн со емоции. Чувството беше неверојатно. Ве сакам и благодарам

vardarfans-abutovic