Sunday ,20 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ за Вардар Фанс: Ние сме во налет и победнички ритам и мислам дека овој натпревар доаѓа во добар момент за нас

Абутовиќ за Вардар Фанс: Ние сме во налет и победнички ритам и мислам дека овој натпревар доаѓа во добар момент за нас

Во недела стартува новата сезона за РК Вардар во лигата на шампионите. Прв противник за избраниците на Раул Гонзалес ќе биде екипата на Кристијанштад. Имавме можнсот да играме со шампионот на Шведска минатата сезона во групата, кога забележавме две победи. Првиот меч исто така тогаш го одигравме на гостински терен и славевме со резултат 25:30. На тој дуел имавме постојано водство во текот на целиот меч, не дозволувајќи на домашниот тим да ја загрози нашата предност. Во Скопје ни беше потребно повеќе време да го скршиме отпорот на противникот и во меч со многу голови повторно излеговме како победници. Кристијанштад е типична скандинавска екипа, која негува брз и атрактивен ракомет и знае да прави многу проблеми на противничките екипи. Вардар е за уште една сезона поискусен и повторно ќе се обиде да ја постигне посакуваната цел. Во составот на Раул Гонзалаес по неколку пропуштени мечеви се врати играчот без кој неможе да се замисли нашата одбрана. Илија Абутовиќ за нашиот сајт и фановите ги споделува своите очекувања од првиот воведен меч во лигата на шампиони.

-Екипата на Кристијанштад во однос на минатата сезона има малку изменет состав. Им заминаа неколку играчи кои им беа главни носители на нивната игра. Сепак не се за потценување, бидејќи играат добар и многу брз ракомет кој знае да претстаува проблем за противничките екипи. Ние сме во налет и победнички ритам и мислам дека овој натпревар доаѓа во добар момент за нас. Преку натпреварите во сеха-лигата, ја темпиравме формата за лигата на шампиони. До овој момент сме задоволни како напредуваме, но мораме и понатаму да ја подигнуваме формата и да поработиме на некои работи. Мислам дека сме на добар пат и тоа го покажавме со досегашните игри и резултати.

Абутовиќ доби мала повреда на оној прв меч во сеха-лигата, кога во Јане Сандански одигравме со нерешен резултат против екипата на Брест Мешков. Ги пропушти мечевите против Металуг, Веспрем и Загреб, но се врати на следните два во Целје и оној последен против Татран Прешов.

-Пропуштив неколку натпревари поради повреда која ја добив на натпреварот со Брест Мешков. Таа е веќе минато и сега се чуствувам добро. Подготвен сум да му помогнам на Вардар во овој прв воведен меч од најголемото ракометно натпреварување изјави Илија  Абутовиќ за нашиот сајт.

Звонко Ивановски