Судбината сакаше историјата на прв учесник во младинската УЕФА Лига на Шампиони да ја испише фудбалскиот клуб Вардар, односно неговите младинци. Избраниците на Љупчо Марковски – Калц ќе дебитираат во Лигата на шампионите против екипата на Салцбург.
Нашите младинци в недела ќе заминат на пат за Австрија, каде во вторник силите ќе ги одмерат против младинскиот шампион на оваа земја. Тренерот Марковски се одлучи во Австрија да патува засилен со искусниот дефанзивец Андреј Кировски. Кировски ќе биде од голема помош за Вардарци, бидејќи самиот играч се има стекнато со големо искуство, односно настапи во дресот на Динамо од Загреб. Дали и вчерашниот стрелец Стојчевски ќе патува со екипата за Австрија, ќе дознаеме во текот на денот.