Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Абутовиќ за Вардар Фанс: Годинава очекувам неверојатна поддршка од нашите навивачи!
Абутовиќ за Вардар Фанс: Годинава очекувам неверојатна поддршка од нашите навивачи!

Абутовиќ за Вардар Фанс: Годинава очекувам неверојатна поддршка од нашите навивачи!

Утре доаѓа првииот меч во Лигата на европските ракометни шампиони со екипата на Монпелје во Франција. Екипа, која ни  е позната од минатата сезона кога бевме во иста група во ЛШ. Во Скопје ги победивме 30-26, а во Франција одигравме интересен меч кој заврши нерешено 34-34. За утрешниот дуел за Вардарфанс.мк свое видувања ни даде столбот на црвено – црната одбрана Илија Абутовиќ, тој за расположението во тимот, и очекувањата од утрешниот дуел вели

Расположението во нашиот табор е на одлично ниво се подготвуваме сите за предизвикот во недела. Очекувам тежок меч, Монпелје е незгодна екипа која игра добар ракомет, а дома се доста опасни . Сепак ние за разлика од минатата сезона се сега сме засилени на секоја позиција, имаме по 2-3 квалитетни решенија на секое место, оваа година имаме одлична екипа.

Што очекува Абутовиќ од сезоната која штотуку старува, и колку далеку овој тим на Вардар може да стигне во ЛШ, нашиот ракометар резервиран во овој дел вели:

Ние имаме квалитет не би говорел ништо однапред , идеме од натпревар во натпревар само знам дека годинава ќе имаме неверојатна подршка од нашите навивачи- вели Абутовиќ за нашиот веб-сајт.

 Звонко Ивановски