Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Играчот на Монпелје – Мачковшек за Вардар Фанс: Годинава Вардар е многу посилен тим
Играчот на Монпелје – Мачковшек за Вардар Фанс: Годинава Вардар е многу посилен тим

Играчот на Монпелје – Мачковшек за Вардар Фанс: Годинава Вардар е многу посилен тим

Помалку од 24 часа до првиот дуел во Монпелје, меч од ЛШ. На нашиот сајт ви ја презентираме изјавата од Абутовиќ (види) столбот на одбраната на нашиот шампион. Вардар фанс за нашите фанови ви носи изјава и од таборот на Монпелје. Борут Мачковшек е словенски репрезентативец и член на францускиот тим,  тој  ги споделува своите очекувања за утрешниот дуел :

- Очекувам дека ќе биде одличен меч и мислам дека победникот на дуелот ќе се одлучи во последните 5 до 10 минути од првиот дел. Нормално јас очекувам наша победа во средбава.

  Словенецот Мачковшек е импресиониран од силата на нашиот ракометен колектив и засилувањата кој се донесени во нашите редови:

Мое мислење е дека оваа година Вардар е многу посилен тим  одколку во минатата сезона.  Вие имате на секоја позиција сега по два квалитетни играчи и затоа мислам дека ќе биде повозбудлив дуел од ланскиот во Франција. Вардар има поголема “ширина“ одколку ние ама ќе се бориме и ќе идеме на победа на овој како и на секој дуел во кој влегуваме- завршува Мачковшек со изјавата за нашиот сајт.

 Звонко Ивановски