Денес со почеток од 18-45 часот во СЦ ,,Јане Сандански” се игра првиот 1/8 финален натпревар во Лигата на шампионите помеѓу екипите на Вардар и Веспрем. Добро познати два противника, два великани на ракометот и еден ,,куп” поранешни играчи, тренери, кондициони тренери кои биле дел од Вардар, а потоа и од Веспрем.
За добра игра на Вардар и добар резултат, треба да се активира и ,,вулканот”, оној препознатлив ,,црвено – црн” вулкан, затоа дојдете да ја обоиме цела сала во боите на Вардар и со помошта ваша да славиме исккучително важна победа и победа за кревање на самодовербата на високо ниво.
Билети сеуште има. Истите можете да ги набавите на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ од 16,30 до 18,30 часот. Се гледаме во сала за наш Вардар!