Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Очаен Вардар за висок пораз во Скопје
Очаен Вардар за висок пораз во Скопје

Очаен Вардар за висок пораз во Скопје

Ракометарите на Вардар доживеаа тежок пораз во Скопје, откако вечерва беа надиграни и совладани од Веспрем со катастрофални 22-30.

Вардар играше добро се до средината на првиот дел, па дури имаше и предност од три гола разлика. Веспрем не се снајде на почетокот, правеше грешки, а Вардар добро играше во нападот, но тоа беше случај само 15.минути. Потоа следуваше огромен пад во играта на Вардар, како во одбраната така и во нападот, а екипа како Веспрем тоа знае да го искористи во целост, па така започна да ,,меле”. Во еден момент дојде и до високи плус пет, а на пауза замина со плус четири, 11-15.

Лошата игра на Вардар продолжи и во вториот дел. Вистински немоќ во нападот, тимот на Дејвис постигна само еден единствен погодок во почетните 10. минути од вториот дел. Дибиров промашуваше зицери, Вардар ја погодуваше стативата од голот на противникот, а Веспрем само ја зголемуваше предност. На крајот, висок и убедлив пораз на Вардар од катастрофални 22-30

Талески беше повеќе од солиден со шест постигнати погодоци сите во првиот дел, Дибиров исто така имаше шест погодоци.