Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ужасниот март за ЖРК Вардар заврши денес со нов, 4-ти пораз
Ужасниот март за ЖРК Вардар заврши денес со нов, 4-ти пораз

Ужасниот март за ЖРК Вардар заврши денес со нов, 4-ти пораз

Денес, во натпревар од плеј-офор кај дамите, ЖРК Вардар гостуваше кај тимот на Чаир. За жал продолжи негативната тендеција и поразите, домаќинот беше подобар со 27-22. Во овој месец, март бевме дури 4.пати поразени, три пати во лигата и еднаш во Купот.

Натпреварот започна со по еден гол за почетна резултатска симетија (1-1), првото водство од два гола го имавме во 8.минута. По одбрана на Трајкоска се разви брза контра која ја погоди Трпевска за 1-3. Бевме подобар ривал се до 15.минута до кога ја чувавме предноста од два гола (5-7). Тогаш се прикажаа првите знаци на попуштање на концетрацијата, ривалот изедначи на 7-7 во 18.минута. Сепак со два гола во 100.секунди, најпрвин преку Коцева Борјана со одличен влез и капитенот Диневска веднаш се вративме на два плус, 7-9. По тој момент до последната минута бевме буквално надвор од секаков ритам, домаќинот направи пресврт и поведе со 14-11 во 29.минута. До крајот само успеавме да намалиме со одличен влез на Михаела Стојановк и двојна одбрана на Илиќ па заминавме на одмор со резултат 14-12 за домашниот тим.

Лошо го отворивме вториот дел, веднаш противникот ја удвои предноста, по 4.минути игра тие имаа 4.гола повеќе (18-14). Можеби најлошиот дел беше околу половината на второто полувреме кога Чаирчанки поведоа со високи 23-17, најавувајќи ни нов пораз. Се обидовме и се вративме, со доста труд, жално беше што дозволивме голема негатива, па моравме да ја бркаме. На 5.минути до крај дојдовме до 24-23 по одличниот гол по фантастичен пробив на Миновска Сара. Можеби требаше да го искористиме третиот голман од клупата во финишот бидејќи очигледно ни требаше „импулс“. Поразот дојде со 27-25 на оваа средба.

Двата голмана имаа по осум одбрани, денес настапија на голот Трајкоска Јована и Илиќ Андреа. Трпевска Ивона погоди 9.пати, а капитен Диневска Бојана беше стрелец на 5.гола