Дуелот од ЕХФ Лигата на Шампионите помеѓу PK Вардар 1961 и ПИК Сегед се игра в недела, во салата „Јане Сандански“ со почеток од 19:00 часот. Тренерот Стевче Алушовски е оптипист, очекува добра престава и големо залагање на избраниците:
Без разлика на резултатите кои ги имаше во првиот дел од сезоната со сигурност можам да кажам дека Сегед е една многу квалитетна екипа. Затоа сметам дека нè чека голема борба за двата бода. Знаеме дека противникот претендира кон учество на фајнал-форот, меѓутоа ние добро го анализиравме и мислам дека во двата правци ќе одговориме на сите предизвици. Верувам во играчите и сигурен сум дек ќе ги исполнат своите задачи. Оптимист сум, но сакам да не ни се повторат почетничките грешки од дуелот со Порто, поради кои загубивме два бода- вели Алушовски.