Зимското засилување на Вардар 1961, црнагорскиот репрезентативец, Васко Шеваљевиќ делува оптимистично пред мечот со ПИК Сегед. Новиот играч на црвено-црните имаше одлично деби против Порто и погоди 4.пати. За неделниот меч со унгарците вели:
Тимот се подготвуваше за средбата со Флензбург и буквално на среде тренинг стигна веста дека и тој натпревар е одложен и во меѓувреме почнавме да се спремаме за дуелот што ни следува со Сегед. Таква е оваа години, никогаш не знаеш што те чека за една недела, но за нас професионалците е најважно да си ја работиме својата работа. Со ПИК Сегед играме на свој терен и Вардар мора да оди на триумф. Добро го анализиравме нашиот противник, имаме уште неколку дена за да се подготвиме. Знаеме дека се работи за силна екипа, која на секоја позиција е покриена со двајца одлични играчи. Но, моите очекувања не се менуваат, ќе одиме на победа и два бода- вели Шеваљевиќ.