Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Убеден сум дека Вардар ќе игра во 1/4 финалето на СЕХА
Алушовски: Убеден сум дека Вардар ќе игра во 1/4  финалето на СЕХА

Алушовски: Убеден сум дека Вардар ќе игра во 1/4 финалето на СЕХА

За 24 часа, Вардар ќе одигра два натпревари во рамките на 1/8 финалето од СЕХА-лигата. Противник на црвено-црните ќе биде екипата на Металопластика, а двата дуели ќе се одиграат во С.Ц. Јане Сандански.

Алушовски за кој ова се последни два дуели како кормилар на Вардар, очекува дека неговиот тим ќе се пласира во 1/4 финалето на СЕХА.

„Со овие два меча против Металопластика ќе завршиме уште една успешна сезона, иако треба да одиграме дополнителни два натпревари во плеј-офот, убеден сум дека Вардар ќе обезбеди пласман во СЕХА-четвртфиналето. Само што ги завршивме домашните натпреварувања со двојна круна. Знаеме дека Металопластика игра брзо и ќе се обидеме да го запреме тој ритам. Само Борко Ристовски ќе ја пропушти средбата бидејќи се оперира поради некои проблеми со менискусот. Сите екипи се уморни, но ние мора да се истакнеме и да го дадеме нашиот најдобар учинок“ 

Денешниот дуел стартува од 17:30 часот.