Европскиот првак, РК Вардар 1961 вечерва гостуваат во Полска кај екипата на Киелце, на натпревар од осмото коло во Лигата на Шампионите. За истиот кормиларот на црвено-црните, Стевче Алушовски даде свое видување:
Го очекуваме реваншот со Киелце, во Полска. Исто така ќе играме пред празни трибини, нормално. Анализиравме кои се нивните добри страни, и пред натпреварот во Скопје, имавме уште четири дена за да видиме каде грешевме и што можеме да поправиме. Секако дека има место и простор за напредок особено во нашата игра во одбрана каде што првпат примивме 33 голови. Нашите голмани можат многу повеќе од она што го покажаа во Скопје. Исто така и некои детали кои ќе ги промениме за играта во напад. Се надевам и мислам дека ќе одиграме еден добар натпревар во Кјелце каде што ќе покажеме дека Вардар не случајно освои три бода до сега во Лигата на шампионите и дека до 52 минута беше егал со Полјаците во Скопје. Очекувам еден неизвесен меч, со многу борба каде што не сме без шанси-вели Алушовски.