Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дали Вардар ќе ја сруши лошата традиција на гостувањата кај Киелце
Дали Вардар ќе ја сруши лошата традиција на гостувањата кај Киелце

Дали Вардар ќе ја сруши лошата традиција на гостувањата кај Киелце

Вардарци вечерва гостуваат во Полска кај екипата на Киелце, на натпревар од осмото коло во Лигата на Шампионите.

Вардар има тешка задача да ја „сруши“ традицијата на гостувањата кај полскиот шампион, со оглед дека немаме ниту една победа на теренот на противникот. Црвено-црните го загубија првиот дуел кој се одигра во Скопје со резултат 29:33. Имавме проблеми на споменатиот дуел, не одигравме константно добро во текот на сите 60 минути, немавме расположени шутери, додека и нашите голмани немаа некој голем придонес.

Алушовски ќе смета на истите играчи кои настапија и на претходниот натпревар. Киелце е лидер во групата со пет победи и само еден пораз и тоа уште на стартот од сезоната кога беа поразени од Фленсбург. Сезонава, Вардар одигра само еден гостински дуел кога загуби од екипата на Брест Мешков.

Повторно најголема опасност за нашиот гол се очекува да биде Алекс Душебеав кој беше и најдобар стрелец на дуелот во Скопје,  а тука е и голманот Волф кој на натпреварот во Јане Сандански имаше повеќе одбрани од нашите двајца голмани. Неочекувано  Игор Карачиќ е изоставен од составот за овој меч.

Дуелот е прогласен за меч на колото во ЛШ, медија тимот на ЕХФ ќе посвети посебно внимание на овој натпревар кој ќе се одигра без присуство на навивачи. Се надеваме на добра игра од Европскиот Шампион и позитивен резултат од ова гостување. Мечот ќе стартува од 20:45 часот со директен преност на МТВ.