Во четврток, Варда ќе го одигра првиот осмина-финален натпревар против екипата на Веспрем. Во С. Јане Сандански ќе гостува шампионот на Унгарија. Двете екипи добро се познаваат од настапите во ЛШ од минатати сезони, но и од дуелите во СХА-лигата.
Во пресрет на овој дуел, Алушовски даде свое видување, истакнувајќи дека моменталниот Вардар е многу поквалитетен од оној кој започна на стартот од сезоната.
-Ова е прв натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите. Имаме уште два тренинзи да одработиме до почетокот на мечот, ги анализираме, Веспрем е екипа која оваа година играше Ф4 и е фаворит во двомечот со нас, но тоа не значи дека сме без шанси и дека лесно ќе се предадеме. Во финалето на СЕХА игравме веќе еднаш, таму останавме должни на нашите симпатизери за она што значи добар натпревар. Го загубивме тој меч во 40. минута.
-Мислам дека овој Вардар во овој момент е многу поквалитетен и повоигран од она што игравме на тој натпревар во септември. Ќе го дадеме својот максимум, ако тоа е доволно, ќе се радуваме, а се надевам дека ќе биде доволно за такво нешто. Секако дека пред празни трибини не значи ништо дали играме први дома или на гости. Теренот е секаде ист, ниту е предност ниту маана што играме прв натпревар дома. Имаме еден добар континуитет, бевме добри со Мотор и Пелистер, два тешки натпревари за нас. Одигравме и два меча во серија во Купот коишто ја држат екипата во натпреварувачки ритам. Мислам дека сме доволно подготвени да одговориме на предизвикот наречен Веспрем“, вели Алушовски.
Натпреварот во четврток ќе стартува во терминот од 18:45 часот. Се надеваме на победа со било каков резултат.