Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар: Стевче Алушовски е нов тренер на европскиот првак

РК Вардар: Стевче Алушовски е нов тренер на европскиот првак

Ракометниот клуб Вардар, шампионот на Европа, регионалната СЕХА лига и Македонија објави информација дека има нов кормилар. Во веста се вели:

stevche-alushovski-e-nov-trener-na-vardar-23465

Поранешниот играч и капитен на Вардар, Стевче Алушовски (47) во иднина ќе биде тренер на најтрофејниот македонски ракометен клуб. Тој и управата на двојниот европски и петкратен СЕХА првак се договорија за соработка, и Алушовски ќе го замени Едуард Кокшаров кој привремено ја извршуваше тренерската позиција.

По десет години Алушовски повторно ќе носи опрема со амблемот на Вардар. Во 2010 година го одигра последниот натпревар за Вардар, а неколку сезони беше и капитен на тимот. Играше на позицијата крило. Со екипата на Вардар има освоено 11 трофеи, шест во првенството на Македонија и 5 во Купот на Македонија. Во 2004 година беше избран за најдобар ракометар на Македонија.

Во својата тренерска кариера прво седна на клупата на Пелистер каде имаше одлична серија од 11 победи по ред по што битолскиот клуб обезбеди место во плејофот по неколкугодишна апстиненција. По промената во управата на клубот заминува, за потоа следната дестинација му биде екипата на Еурофарм Работник. Со овој битолски тим успева да стигне до вице-шампионската титула во Македонија и првпат да го однесе тимот во СЕХА лигата.
Сезонава го предводеше Еурофарм Работник во СЕХА лигата и Лигата на шампионите, а во Битола успеа да го победи тимот на Веспрем. Имаше серија на „тесни порази”, по што се договори со клубот да замине.

„Голема чест и вистински предизвик е да се биде предводник во клубот што зад себе има две шампионски титули во три години. Клубот во кој играв 10 години, бев капитен и освоив вкупно 11 титули секогаш имал големо место во моето спортско срце. Верувам дека ќе продолжиме на победничкиот пат. Размислуваме како подобро да се подготвиме за пролетниот дел од сезоната. Се надевам повредите и малерите ќе не одминат и ќе можеме да ја оствариме зацртаната цел. Секогаш е тешко да се одбрани она што е освоено, но имаме позитивна мислам и добра мотивација”, изјави Алушовски.

Тој во неколкиу наврати беше дел од тимот на Вардар. Прво во периодот од 2001 до 2004, потоа од 2005 до 2010 година. За репрезентацијата на Македонија има одиграно над 200 натпревари и постигнато на 350 голови.

Во спортската кариера има настапувано за неколку екипи: Пелистер Битола, Преспа Јафа промет, Вардар и Металург. Има и три настапи за младинската репрезентација на СФРЈ. Со репрезентацијата на Македонија играше на ЕП 1998 во Италија, на СП 199 во Египет, на СП 2009 во Хрватска и на ЕП 2012 година во Србија кога Македонија го освои петтото место.

„ Вардар сезонава им даде шанса на повеќе млади играчи од нашиот втор тим. Сметаме дека е време и наши домашни тренери да добијат поголема шанса. Алушовски е амбициозен тренер кој меѓу првите доби Мастер коуч диплома на ЕХФ. Алушовски е дел од Вардар со оглед на неговиоте десет години како играч во црвено-црниот дрес. Верувам дека ќе успееме да ги оствариме зацртаните планови за сезонава, изјави Давор Стојаноски, извршниот директор на Вардар.

После новогодишните празници Алушовски ќе ја има и првата прозивка со екипата, односно со играчите што ќе бидат слободни и нема да заминат на ЕП со своите репрезентации.