Денес РФМ одржа прес-конференција во пресрет на учеството на Македонската репрезентација на ЕП, кое од 10.јануари ќе стартува во три земји.
На истата присуствуваа селекторот, Данило Брестовац, капитенот, Кирил Лазаров и голманот, Никола Митревски кои ги споделија очекувањата. Финалните подготовки ќе се одработат во Словенија, а селекторот Брестовац објави на кои 20 ракометари ќе може да смета. Најверојатно ова ќе биде и конечниот список на играчи кои ќе патуваат на ЕП, со мали измени како што истакна Брестовац.
На неговиот список се најде само еден вардарец, тоа е Стојанче Стоилов. Од оние кои беа на „Трофеј Карпати“ и кои играа пријателски мечеви со Кувајт, отпаднаа младиот голман, Марко Кизиќ, потоа Дејан Кукуловски и Димитар Димитриоски.