Tuesday ,14 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Штербик: Времето брзо “летна“ во Скопје, многу ми е тешко ова заминување
Штербик: Времето брзо “летна“ во Скопје, многу ми е тешко ова заминување

Штербик: Времето брзо “летна“ во Скопје, многу ми е тешко ова заминување

Голман од калибарот на Арпад Штербик е вистинска реткост да се има во својот колектив, црвено-црните ја имаа таа привилегија да биде четири години дел од скопскиот тим. Со него ги достигнавме европските височини, во својата кариера ова е единствен договор кој тој го одбработи до крајот. Емоциите пред заминувањето во Веспрем неможеше да ги сокрие големиот човек и голман на Вардар.

Четирите години овде  поминаа многу брзо, секогаш кога ти е убаво, времето „лета“, па еве дојде и време за разделба. Со моето семејство секојдневно зборуваме дека ни е тешко што си заминуваме од овде, ни беше навистина убаво и на ракометниот терен и надвор од него. Ако подвлечеме црта по овие четири години, имаше многу позитивни работи. Имавме големи успеси, сите беа со нас. Мене ми е многу тешко, еве ако нешто ви значи, ова ми е првиот договор во кариерата што го одработувам докрај. Во претходните тимови, секогаш си заминував пред истекот на договорите. Сега кога треба да ги спакуваме торбите, навистина е непријатно. Сакам да им се заблагодарам на сите. Од келнерите во овој комплекс, па до сопственикот Самсоненко, кои направија да биде како што треба. Нашите навивачи секогаш беа тука, и во добро и во зло, сигурен сум дека Вардар ќе продолжи на вакво ниво и ќе имаат уште многу моменти за радост- вели Штербик.