На завршениот турнир “Трофеј Белград“ на кој учествуваа четири наши екипи, младинците на Рк Вардар Јуниор го освоија одличното второ место, во конкуренција на силни екипи од Балканот. Беа забележени вкупно четири победи и два порази.
На турнирот “Трофеј Белград“ учествував по втор пат. За беспрекорната организаиција можам само да им честитам на луѓето кои беа задолжени за ова и да им заблагодарам за прекрасните услови за игра и дружење со другите екипи. И оваа година, како и минатата, конкуренцијата беше многу силна. Учествуваа екипи од Балканот, кои по квалитет беа на наше ниво. На турнирот одигравме вкупно шест натпревари и презадоволен сум од залагањето на моите соиграчи. Сите го дадовме својот максиум, што резултираше со пласман во големото финале.
Наградата за најдобар играч на турнирот во младинска конкуренција сосема заслужено ја доби Вардаровиот пикер Филип Арсеновски.
За жал финалниот меч го изгубивме, а јас го добив признанието за најдобар играч на турнирот. Награда која ме направи многу среќен и која претставува круна на мојата успешна полусезона во ракометниот клуб Вардар. Благодарност и до тренерот Зоран Петковски, кој што ми ја укажа честа да учествувам на овој турнир и мислам дека во целост ги оправдав неговите очекувања.
Инаку Арсеновски оваа сезона настапува во првата ракометна лига, за екипата предводена од тренерот Стојан Петрушевски која има високи цели до крајот на сезоната.
Ќе продолжам и понатаму со огромно залгање да постигнувам и поголеми успеси. Се надевам дека тоа ќе резултира со пласман на мојот тим Рк Вардар 2 во супер-лигата, изјави Филип Арсеновски за Вардар фанс.
Звонко Ивановски