Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Давид Голубов имаше полусезона за “незаборав“ успевајќи да постигне преку 51 гол
Давид Голубов имаше полусезона за “незаборав“ успевајќи да постигне преку 51 гол

Давид Голубов имаше полусезона за “незаборав“ успевајќи да постигне преку 51 гол

Чудото од дете Давид Голубов имаше полусезона за незаборав, откако за генерација “2006“ успеаа да постигне повеќе од 51 гол. Ова се бројки земени од настапите во детската лига и на вкупно четири од петте младински фудбалски турнири на кои Давид учествуваше во црвено-црниот дрес. Ова златно момче со екипата на Фк Вардар (1) генер. “2006“ го заврши првиот дел од детската лига на првото место со вкупно шест победи и два нерешени резултати. Давид беше најдобар стрелец со вкупно постигнати 21 гол, или тоа се повеќе од половина на неговата екипа во оваа лига. Неговото име само на еден единствен меч не беше запишано во листата на стрелци.

Ако тука ги земеме турнирите на кои дури на четири беше најдобар стрелец, неговата бројка е повеќе од зачудувачка за дете кое има само девет години.  Единствено не сме во можност да го презентираме неговиот број на погодоци на турнирот по повод “13 ноември“ кој се играше на Вембли во Стајковци. На “Кул Куп 2015“ имаше вкупно 12 гола, на турнирот во Охрид (11), на два меча на настанот организиран од спортското радио 90.3, постигна еден гол и тоа оној највредниот и единствен за неговиот тим во финалето. На крајот ќе ги додадеме и 6-те постигнати погодоци од последниот настап во Маџари, кој беше под организација на општината Гази Баба. Тоа се повеќе од 51 постигнат гол, што како напоменавме се неверојатно достигнување за едно младо момче, кое од неодамна започнал да игра официјални натпревари. Успешната година ја заокружи со последното признание за најперспективен млад играч во генер. “2006“ на последниот турнир во Маџари.