Денес својот 28-ми роденден го прославува десниот бек на Жрк Вардар Барабара Лазовиќ. Ова е втора сезона за Словенската репрезентативка во црвено-црниот дрес, откако дојде од екипата на Крим Меркатор. Минатата сезона со Вардар ги освои двете домашни титули и бронзениот медал од завршниот турнир во лигата на шампиони.
Нашата редакција и посакува многу здравје, среќа и успех на спортски план.