Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар во Суперкуп дуелот ќе атакува на 32-та титула, овој колектив е најтрофеен тим во С.Д Вардар
РК Вардар во Суперкуп дуелот ќе атакува на 32-та титула, овој колектив е најтрофеен тим во С.Д Вардар

РК Вардар во Суперкуп дуелот ќе атакува на 32-та титула, овој колектив е најтрофеен тим во С.Д Вардар

Пред нас престои нов натпревар во кој ќе атакуваме на Пехар, станува збор за Суперкуп дуелот кој е  втор ваков натпревар  во историјата на македонскиот ракомет. Во истиот ќе се сретнат екипите на Вардар, како освојувач на двојната круна и Металург, кој играше во финалето на Купот и го освои второто место во Супер лигата. Официјалниот термин за одигрување на овој дуел, е 18-ти август, со почеток од 21:15 часот на отвореното игралиште во Струга. РК Вардар на овој меч ќе атакува на 32-та титула, овој колектив е најтрофеен тим во С.Д Вардар.

vardafans-cetiri-trofei

Досега имаме 12 шампионски, 13 Куп и една Супер куп титула на домашна сцена, односно 26 домашни пехари. На тоа се додаваат и 4 СЕХА круни и најсјајната титула од ЕХФ Лигата на Шампионите.  РК Вардар е основан во 1961 година, како дел од Спортското друштво Вардар од Скопје кое постои од 1947 година. Позначајниот подем на клубот почнува во последната деценија од минатиот век.

vardarfans-rk-vardar

РК Вардар има рекордни 12 титули шампион на Македонија (1998/1999, 2000/2001, 2001/2002, 2002/2003, 2003/2004, 2006/2007, 2008/2009, 2012/2013, 20014/2015, 2015/2016, 2016/2017 и 2017/2018) и тринаесет титули во Купот на Македонија (1997, 2000, 2001, 2003, 2004, 2007, 2008, 2012, 2014, 2015, 2016,  2017 и 2018).

Минатата сезоната, 2016/2017 клубот го постигна и најголемиот успех, стана европски првак триумфирајќи на Ф4 турнирот во Келн. На патот до тој успех беа победени Барселона во полуфиналето, и ПСЖ во финалето.
vardarfans-seha-liga

Вардар е и прв победник во Регионалната СЕХА лига и најтрофеен тим во ова натпреварување. На 15 април 2012 година во финалето во Загреб, Вардар го победи Металург и ја освои првата титула во СЕХА лигата. Втората сезона во СЕХА лигата Вардар ја заврши со вицешампионска титула, по поразот од РК Загреб КО во финалето на Ф4 турнирот во Скопје. Во сезоната 2013/2014 Вардарци стигнаа до вториот трофеј во СЕХА ГСС лигата, откако во финалето на завршниот турнир во Нови Сад, го совладаа Мешков Брест, со 29:27. Во сезоната 2015/2016 на Ф4 турнирот во Вараждин игравме во финалето, каде подобри од нас беа ракометарите на Веспрем. Лани, во сезоната 2016/2017 триумфравме на Ф4 турнирот во Брест, Белорусија победувајќи го Веспрем. Оваа сезона во Јане Сандански го совлададавме ППД Загреб за рекордната 4-та круна.

Вардар три пати беше полуфиналист во Купот на победници на Купови (1998/1999, 2004/2005 и 2010/2011), еднаш играше во четврт-финалето на КПК (2006/2007), а еднаш беше четвртфиналисти во Челинџ купот (2005/2006).