Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Атанасовски: Потписот со Вардар за мене е голем чекор, а уште поголема е честа што ќе можам да заиграм во првиот тим и да учам од врвни играчи
Атанасовски: Потписот со Вардар за мене е голем чекор, а уште поголема е честа што ќе можам да заиграм во првиот тим и да учам од врвни играчи

Атанасовски: Потписот со Вардар за мене е голем чекор, а уште поголема е честа што ќе можам да заиграм во првиот тим и да учам од врвни играчи

Европскиот ракометен шампион покрај тоа што е активен на трансфер пазарот, се грижи и за својата иднина. Откако Крстевски и Гашовски ставија потпис на професионален договор, верноста кон Вардар ја продолжи уште еден млад играч кој настапуваше за Вардар Јуниор. Се работи за пикерот, Стефан Атанасовски кој потпиша договор на две години.

Се работи за играч кој во 2016 година доаѓа во Вардар, интересно тоа е негов прв клуб, а истата година започнува и да се занимава со ракомет. Неговиот потенцијал го препознава Зоран Петковски, кој решава да му даде шанса да биде дел од Вардар. Со клубот настапуваше во првата ракометна лига, додека Петрушевски решава да го прекомандува во Вардар Јуниор, кој се натпреварува во најсилната Супер лига. Се работи за голема ракометна надеж на Македонија и Вардар, играч кој треба се повеќе да созрева и да се докажува, може да биде и новиот Стоилов, достојна замена за вардаровиот капитен.

Нашиот медиум го исконтактира Атанасовски, кој истакна дека покрај понудите кои ги имал за промена на средината, се решил да остане во клубот кој зад себе има богата историја со голем број на освоени трофеи и две Европски титули.

-Имав состанок со новиот сопственик, господинот Михајло Михајловски, па на обострано задоволство се договоривме за продолжување на соработката. Имав доста понуди за промена на средината во новата сезона, како од Македонија, така и надвор од земјава. Екипите на Бутел, Пролет и Охрид беа најзагреани за мојот потпис, што се однесува до домашните екипи, додека на мојата адреса стигнаа и понуди од Португалија и Шпанија. Сепак, решив дека се уште сум млад за интернационален предизвик, а Вардар е двократен Европски Шампион, па не постоеше двоумење околу тоа каде ќе играм во новата натпреварувачка сезона.  Потписот со Вардар за мене е голем чекор, а уште поголема е честа што ќе можам да заиграм во првиот тим и да учам од врвни играчи. На крајот сакам да упатам и посебна благодарност до тренерите Стојан Петрушевски и Зоран Петковски-Зенга, двајца одлични стратези, кои имаат голема улога во мојот правилен развој како спортист и можноста да бидам дел од голем клуб како што е Вардар.

Звонко Ивановски