Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Тони Атанасовски: Се надевам дека во вториот дел ќе прикажуваме подобра игра и постигнуваме добри резултати
Тони Атанасовски: Се надевам дека во вториот дел ќе прикажуваме подобра игра и постигнуваме добри резултати

Тони Атанасовски: Се надевам дека во вториот дел ќе прикажуваме подобра игра и постигнуваме добри резултати

Пред извесен период финишираше првиот дел од сезоната во машката кадетска лига. Нашиот претставник во оваа група 2, екипата на Рк Вардар Јуниор го завршија овој дел од сезоната на одличното второ место. Избраниците на тренерот Слободан Чивлачки имаат четири победи, два нерешени резултати и само еден пораз.

-Во овој дел од сезоната кој помина не сум многу задоволен, бидејќи на гостински терен имавме два дуели кои завршија нерешени и еден пораз. Како екипа сме заедно многу краток период и ни беше потребно време за да функционираме беспрекорно. Се надевам дека во вториот дел ќе прикажуваме подобра игра и постигнуваме добри резултати. Моментално сме втори на табелата и ќе се обидеме да немаме неуспех, во втората полусезона.  

Тони Атанасовски имаше можност да биде дел од селекцијата на млади ракометари, во проектот на ракометниот клуб Вардар да ги регрутира и избере најдобрите од сите пријавени.

Како да чуствував дека ќе бидам избран од големиот број пријавени ракометари, кои беа дел од селекцијата и регрутирањето на најдобрите играчи. Во Вардар се вклопив одлично, сите ме прифатија на убав начин и засега се чуствувам одлично. Што се однесува до мојот придонес во првиот дел од сезоната не сум многу задоволен како одиграв, бидејќи сигурен сум дека можам да прикажам многу повеќе, изјави Тони Атанасовски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски