Изгледа ФК Вардар и овој пат нема среќа околу напаѓачите…. По промашувањата со Огбона, Бонифацио, Кофи, следен е, и Цезар Ромеро. Дојде како екстра засилување од Ерменија, покажа и докажа дека има квалитет да биде прв стрелец во редовите на ФК Вардар, постигна неколку одлични погодоци, но неговиот карактер го ”уништи” сетоа тоа што го пружаше неколку натпревари. Најпрвин доби два црвени картони во низа, па се врати, постигна убави голови, одигра неколку добри натпревари во ФК Вардар… кога се чинеше дека ќе ”фати” место во тимот, дојде уште една лоша вест.
Во денешното издание на ”Македонски Спорт” излезе информација дека Ромеро е суспендиран од ФК Вардар. Ромеро по натпреварот со Шкендија, кој Вардар го загуби убедливо, заминал да се ”журка” во ноќните дискотеки низ Скопје.. За еден сериозен клуб, ваквите чекори на еден играч се неприфатливи. Останува да видиме што ќе се случи понатаму со Ромеро во ФК Вардар. Се надеваме дека Ромеро ќе ги надмине овие проблеми, и ќе постигнува уште многу голови во црвено – црниот дрес!