Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Ако сакаме да играме Ф4 во сеха лигата, мораме утре да победиме – Марсениќ: Овој меч е подготовка пред Колдинг
Гонзалес: Ако сакаме да играме Ф4 во сеха лигата, мораме утре да победиме – Марсениќ: Овој меч е подготовка пред Колдинг

Гонзалес: Ако сакаме да играме Ф4 во сеха лигата, мораме утре да победиме – Марсениќ: Овој меч е подготовка пред Колдинг

После одреден период ракометарите на Вардар се враќаат на настапите во сеха лигата. Утре во С.Ц. Јане Сандански со почеток од 17:45, ни гостува екипата на Макс Струмица. Денес се одржа прес-конференција по повод овој дуел, на кој црвено-црните се големи фаворити. На пресот зборуваа тренерот Гонзалес и пикерот Марсениќ. Шпанскиот стручњак на клупата на Вардар, најави дека на овој натпревар нема да може да смета на услугите на Карачиќ и Брумен. Сепак очекува максимална посветеност од своите играчи и триумф.

-Сега ни следува мечот со Струмица во СЕХА лигата. Ни треба да победиме затоа што сега сме петто место во СЕХА и ако сакаме да играме фајналор мора да победиме утре. Имаме многу проблеми со повредени играчи и не знаеме кој ќе игра утре. За нас е важен овој натпревар, против Кјелце не игравме добро во напад, па треба тоа да го поправиме. Треба да ја почитуваме овваа екипа и затоа сакам да играме со 100 отсто, изјави Раул.

Марсениќ вели дека неколкуте порази ја нарушиле самодовербата, но дека овој меч треб а да биде подготовка за следниот предизвик во лигата на шампиони.

-Дојде период во кој врзавме три порази во ЛШ и мислам дека утрешниоот меч доста ќе ни послужи како подготовка за Колдинг. Самодовербата ни е малку нарушена, но не очекува натпревар кој мора да го добиеме, за да се подготвиме што подобро за Колдинг. Тој ни е најважен во моментов, рече Марсениќ.