По освојувањето на втората Европска титула, ракометниот клуб го смени своето лого, со додавање на две ѕвездички, кои ги означуваат освоените трофеи во ЛШ. Така и автобусот со кој црвено-црните ќе патуваат доби нов дизајн.
„Во новата сезона вардарци на своите официјални патувања ќе го користат автобусот кој доби заслужено разубавување. Двете шампионски ѕвездички се веќе вцртани, а името Вардар доминира исто како што ракометарите доминираат во ЕХФ лигата на шампионите и во СЕХА лигата“, напишаа на официјалната страна на клубот.