Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Бабиќ: Не се сеќавам кога последен пат Вардар загубил еден натпревар
Бабиќ: Не се сеќавам кога последен пат Вардар загубил еден натпревар

Бабиќ: Не се сеќавам кога последен пат Вардар загубил еден натпревар

Вардар утре ќе го одигра последниот натпревар во годината која полека истекува, каде гостува на екипата на Горење Велење, во рамките на СЕХА-лигата. Црвено-црните се лидери во ова натпреварување со десет победи од исто толку одиграни натпревари и утре ќе се обидат со нов триумф да ја заокружат најуспешната година во историјата на клубот. Тренерот на Горење, Жељко Бабиќ во пресрет на утрешниот меч истакна дека неговиот тим нема што да загуби на овој дуел и ќе оди да се надигрува.

-Уморни сме, а утре ни гостува европскиот шампион. Не се сеќавам кога последен пат Вардар загубил еден натпревар. Единствено се надевам дека моите ракометари ќе ја подобрат својата игра, бидејќи по овој меч не очекуваат уште три натпревари до крајот на годината. Утре ќе се надигруваме и нема што да загубиме.