Франција е вториот полуфиналист на светското ракометно првенство кое се игра во Германија. Лејно и Лакрабер се единствените Вардарки кои до крајот на мундијалот ќе се борат за еден од медалите, откако ги елиминираа нивните соиграчки од Вардар, Радичевиќ и Кликовац.
Натпреварот започна со по два гола на двете страни, најпрво Црна Гора поведе со 0:2, додека бргу врати Франција и го израмни резултатот на 2:2. Амандин Лејно одбрани удар од седум метри и не и дозволи на Црна Гора да го врати водството на овој меч, додека Лакрабер исто така не успева да реализира пенал. По 10 минути игра, избраничките на Јохансон имаа предност од 2:4, со голот на Раичевиќ, додека во следниот напад на Црна Гора, Лејно ја забележа својата трета успешна интервенција. Следи период кога Франција направи серија од 5:0 и во 17 минута имаше највисока предност од три голови разлика (9:4), по што селекторот на Црна Гора, Пер Јохансон повика тајм-аут. Претходно Лејно стигна до нова, вкупно петта одбрана до тој момент од мечот. Во следните минути со два гола по ред и тоа од седум метри на Радичевиќ, која успева да ја совлада Лејно, гледаме намалување на резултатот на 9:8. Сепак до истекот на првите 30 минути, Франција успева на одмор да замине со предност од 12:10, благодарение на головите на левото крило.
Триколорите со гол го отворија вториот дел и поведоа со 13:10, додека Радичевиќ прва погодува за својата репрезентација и ја враќа негативата на два гола. Во следните пет минути гледаме игра со гол за гол на двете страни, а Франција ја одржува највисоката предност од три гола со голот на Лакрабер, а заслужна за тоа е Лејно која стигна до нова одбрана. Прв пат на натпреварот, Франција има и четири гола предност (19:15) што беше знак за нов тајм-аут на Јохансон, а после враќањето на терен следиме гол на поранешната Вардарка, Дембеле која зголеми на 21:16. Лејно со нов одабранет зицер, вкупно 10 одбрани за голманката на Вардар која ги зголемува шансите на нејзината селекција за пласман во полуфиналето. Брзо Црна Гора се врати во игра и со два последователни голови намали на 21:18. Лакрабер го преикина лошиот период од пет минути без гол и погодува за водство на Франција од 22:18 на девет минути пред крајот. Црна Гора имаше можност да намали на само два гола негатива, но Итана Грбиќ од контра на успева да ја совлада Лејно која ја забеележа својата 12 одбрана. На две минути пред крајот, Франција стигна и до убедливо водство од 25:19, по што немашe време за Ц.Гора. Франција триумфираше со 25-22.