На официјалната веб-страница на црвено-црниот ракометен колектив беше поставена информација за следење на дуелот со Барселона во огранизирана форма во хотелот Русија кој е дел од С.Ц “Јане Сандански“ во Скопје. Во истата се вели следното:
Вардар се сака и се бодри и кога игра во гости. За сите оние што сакаат да бидат дел од навивачката еуфорија и за следниот натпревар од Лигата на шампионите повторно ќе организираме дружење. Нашиот тим гостува во Шпанија кај Барселона, а традицијата продолжува за заедничко следење на натпреварот во ресторанот на хотел Русија.
На 17 ноември од 19 часот се игра мечот Барселона – Вардар, а тогаш ги очекуваме и оние што сакаат заеднички да го проследат натпреварот. Да се дружиме, навиваме и уживаме во уште еден ракометен натпревар од Лигата на шампионите
Покрај гледање на мечот, дружење со сите што ќе бидат во тоа време во ресторанот на хотел Русија сите што ќе дојдат ќе можат да користат и 10 отсто попуст на целото мени во ресторанот во хотел Русија.
Резервирајте си го навреме своето место. Јавете се на 070 380 755 и ве очекуваме заедно да се радуваме.