Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Милица Николиќ е единствената вардарка, на поширокиот список на селекторот Симовски за квалификациските натпревари
Милица Николиќ е единствената вардарка, на поширокиот список на селекторот Симовски за квалификациските натпревари

Милица Николиќ е единствената вардарка, на поширокиот список на селекторот Симовски за квалификациските натпревари

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација и тренер на Вардар, Симе Симовски го објави поширокиот список на ракометарки за претстојните квалификациски натпревари за СП 2019 година против репрезентациите на Азербејџан, Турција и Исланд.

На првичниот список се најде и една ракометарка од редовите на Вардар. Се работи за левиот бек, Милица Николиќ која е една од подобрите стрелци кај црвено-црните, која има неполни 18 години.