Во недела ново коло во регионалната-скопска лига ќе одиграат генерациите на ФК Вардар родени “2004„ и “2005„ година, кои гостуваат на екипата на Драчево. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10 и 12 часот.
Двете вардарови генерации се наоѓаат во победничка серија во ова натпреварување. Генерацијата “2005„ има максимален број на освоени бодови, односно девет победи за избраниците на Сашо Јанев од исто толку одиграни натпревари, со што цврсто го држат врвот на табелата во нивната возрасна категорија. Генерацијата “2004„ има седум победи, од кои шест се во серија во регионалната лига. Избраниците на Петар Георгиевски исто така се лидери на табелата, со еден бод повеќе од екипата на Работнички.
Двете екипи на Вардар се големи фаворити во дуелите со екипата на Драчево и се освен освојување на трите бодови ќе претставува големо изненадување.