Вардар оваа сезона е дел од најсилната група А, која слободно може да се нарече група на “смртта„. Барселона, Веспрем, Киелце, Монпелје, се се тоа екипи кои претендираат да се најдат на завршниот турнир во Келн, од тука и оваа група добива на тежина. После седум одиграни кола, црвено-црните се наоѓаат на третото место на табелата, со учинок од пет победи и два порази. Во интервју за шпански “Спорт„, тренерот на вардарци, Гарсија Парондо говори за квалитетот на групата во која се наоѓа неговиот тим и како се случило да го превземе поранешниот Европски шампион.
-Играме во најтешката група во историјата на Лигата на шампионите и секој викенд имаме нова мала „војна“. Има шест или седум тима со многу висок квалитет, кои се кандидати за пласман на Ф4-турнирот. Но, тоа не мотивира, повеќе сме концентрирани, работиме уште од првиот ден. Тоа воедно беше и идејата наша, мотивирано и концентрирано да играме на секој меч.
Парондо објаснува како се случил да го превземе Вардар, откако стана јасно дека Гонзалез ќе го напушти клубот после пет сезони.
-Раул не знаеше ништо. Сите ги изненадив. Тој објави дека ќе оди во ПСЖ уште во ноември, па клубот почна да размислува за опциите. Јас бев во женската екипа и уште пред Божиќ ме прашаа дали би сакал да ја водам машката. Јас реков да, немав проблеми да работат со девојки, со момци, можев се што ќе затреба, меѓутоа тогаш тоа го сфатив како на шега. Но, стана сериозно. По Европското првенство (во Хрватска), ме повика сопственикот и ме праша дали сакам да биадам тренер. Сакаше да го продолжи она што го почна Раул и затоа ми понуди мене. Беше лесна одлука, му реков прифаќам без проблем.
Дел од играчите знаеме дека по истекот на минатата сезона го напуштија Вардар, а Парондо призна дека сме загубиле со нивното заминување, но дека секој од моменталните играчи гинат за Вардар.
-Вистина е дека нашиот тим малку загуби. Имаме добри играчи, но немаме широк ростер како што имавме лани, а истовремено имаме и многу проблеми со повреди. Горбок ќе паузира шест месеци, Мораеш замина на операција, Борозан игра речиси без тренинг. Но, без разлика на се, играчите „гинат“ за овој клуб, истакна Парондо.