Откако се појавија информации за наводен штрајк во младинските категории на Вардар, „Вардар Фанс“ дознава дека денеска немало никаков штрајк од страна на тренерите и дека како и сите останати денови, се тренирало заедно со многуте надежи на Вардар кои се подготвуваат за престојните настапи овој викенд дома и нагости.
„Вардар Фанс“ во разговор со неколку тренери, дознава дека денеска тие добиле и три од заостанатите плати. Значи, работите во Вардар полека но сигурно се средуваат.