Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Ново петто засилување за противникот на Вардар во ЛШ, Барселона потпиша со Дуарте
Ново петто засилување за противникот на Вардар во ЛШ, Барселона потпиша со Дуарте

Ново петто засилување за противникот на Вардар во ЛШ, Барселона потпиша со Дуарте

Екипата на Барселона која е еден од противниците на Вардар, во најсилната група А од Лигата на Шампионите, продолжува да се засилува. Најново засилување за каталонците ќе биде репрезентативецот на Португалија, Жилберто Дуарте, кој пристигна од екипата од Висла Плок. Минатата сезона ја заврши со 54 постигнати голови и важеше за еден од најдобрите играчи за вицешампионот на Полска. Откако од Барселона решија да го пратат Ваел Жалуз на позајмица во Фуксе Берлин, клубот мораше да пронајде замена на позицијата лев бек, а одлуката падна на Дуарте.

Ова беше вкупно петто засилување за Барса, во пресрет на новата сезона. Претходно тимот ги обезбеди услугите на Тиагуш Пјетруш кој доаѓа од екипата на Пик Сегед, пикерот Лудовик Фабрегас кој пристигна од актуелниот шампион на Европа, како и данците, Кевин Мелер кој е голман и крилото Каспер Мортенсен.