Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Големата голманска надеж, Јована Мицевска потпиша за екипата на Ница од Франција
Големата голманска надеж, Јована Мицевска потпиша за екипата на Ница од Франција

Големата голманска надеж, Јована Мицевска потпиша за екипата на Ница од Франција

Големата голманска надеж на Вардар и македонскиот ракомет, Јована Мицевска во новата сезона ќе биде дел од екипата на Ница во првенството на Франција. Тренер на овој тим е македонскиот стручњак, Марјан Колев. Мицевска се обрза на соработка во наредните три години со тимот на Ница.

Јована во Вардар настапуваше од 2012 година, период во кој ги има поминато сите младински екипи на ракометниот клуб Вардар. На само 15 години добива шанса да биде дел од првиот тим на ЖРК Вардар, на меч во супер-лигата. Од тогаш постојано добиваше шанса да брани во првиот тим, на натпреварите од супер-лигата. Во сезоната 2015/16 активно тренира и со вториот тим на Вардар, од тогаш и бележи настапи за оваа екипа предводена од тренерот Симе Симовски, а истовремено настапуваше и за кадетската и младинската екипа на клубот. Кадетска, младинска и со повик за сениорската репрезентација на Македонија, во 2017 година.

Јована Мицевска е голема реткост на ракометните терени во Европа, пред се за голман кој успеал со само 17 наполнети години да дебитира за една екипа на натпреварите од Лигата на Шампионите, тоа беше за Вардар во сезоната која помина, кога доби свои минути на голот на црвено-црните, на дуелот со Ларвик кој се играше во С.Ц. Јане Сандански. Оваа сезона континуирано го бранеше голот на Вардар, на мечевите од супер лигата и купот, каде екипата ја одбрани двојната круна, а Јована доби признание и за најдобар голман на Ф4 турнирот во националниот куп.

Нашата редакција и посакува многу успеси во новата екипа и се заблагодарува за нејзината секогаш коректна, професионална и пристапна соработка со нашиот медиум.