Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Вилијан: И после потписот со Вардар реков дека на секој тренинг и на секој натпревар ќе дадам се од себе да се наметнам и да ја оправдам довербата со голови и со добри игри
Вилијан: И после потписот со Вардар реков дека на секој тренинг и на секој натпревар ќе дадам се од себе да се наметнам и да ја оправдам довербата со голови и со добри игри

Вилијан: И после потписот со Вардар реков дека на секој тренинг и на секој натпревар ќе дадам се од себе да се наметнам и да ја оправдам довербата со голови и со добри игри

Бразилскиот интернационалец Вилијан Лира имаше одлично деби во нашиот дрес. Напаѓачот му даде два гола на Работнички за само 30. минути и сериозно се наметна кај тренерот Бабунски. Лира ги искажа својте импресии од новиот тим, играчите и рече дека ова е само почеток на неговите голови во Вардар.

„Секој играч посакува кога ќе дебитира за еден клуб, да почне со победа. Драго ми е што на мојот прв настап за Вардар, пред се, дојдовме до триумф, а исто така среќен сум што на мојот прв настап постигнав два гола. Се надевам дека ќе продолжам во ист стил и на  следните официјални натпревари. И после потписот со Вардар реков дека на секој тренинг и на секој натпревар ќе дадам се од себе да се наметнам и да ја оправдам довербата со голови и со добри игри“, рече Вилијан Лира.

„Првите импресии ми се одлични. Добро сум примен од соиграчите и полека се вклопувам во новиот клуб. Се работи на професионално ниво, се бара секогаш доминација во играта, креирање шанси и се разбира секогаш да се атакува на победа. Драго ми е што станав дел од овој клуб, сега останува добро да се подготвиме за следните предизвици и секој да даде максимум за клубот да бележи успеси на сите полиња“, вели бразилскиот напаѓач.