Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Без Горење во новата сезона на СЕХА-лигата, дебитант ќе биде екипата на Железничар од Ниш, предводена од Вујовиќ
Без Горење во новата сезона на СЕХА-лигата, дебитант ќе биде екипата на Железничар од Ниш, предводена од Вујовиќ

Без Горење во новата сезона на СЕХА-лигата, дебитант ќе биде екипата на Железничар од Ниш, предводена од Вујовиќ

Новата сезона во СЕХА-лигата ќе биде без екипата на Горење Велење. Вицешампионот на Словенија беше дел од од ова натпреварување во последните две сезони, во кои екипата освои петто и шестто место.

Како главна причина за отстапувањето од СЕХА-лигата, во известување од клубот се наведува тоа што во националното првенство ќе започнат да се натпреваруваат уште од самиот почеток на сезоната, што носи за нив дополнителни 22 натпревари. Освен тоа, Горење ќе се натпреварува и во домашниот, како и во ЕХФ купот. Поради тоа, клубот од Словенија реши да се повлече од регионалното натпреварување, истакнувајќи дека СЕХА-лигата им донел позитивно искуство, но дека екипата не е подготвена да продолжи во лигата, после вакви околности кои им ги наметнаа од словенската ракометна федерација.

Од Горење се надеваат дека во следните сезони, повторно ќе добијат можност и шанса да бидат дел од СЕХА-лигата, која како што велат им донела само позитивни искуства. Познато е дека дебитант во новата сезона на СЕХА ќе биде екипата на Железничар од Ниш, која освои второ место во првенството на Србија, екипа која ќе биде предводена од поранешниот вардаров тренер, Веселин Вујовиќ.

Познато е дека Вардар како актуелен освојувач ќе го брани трофејот во СЕХА, воедно ќе се обиде да стигне и до петтата титула во осмата сезона на оваа лига.