Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Бергеруд: Мала предност за нас е празната сала, која знае да биде преполна и гласна
Бергеруд: Мала предност за нас е празната сала, која знае да биде преполна и гласна

Бергеруд: Мала предност за нас е празната сала, која знае да биде преполна и гласна

Вечерва, вардарци ќе се обидат да стигнат до првата победа во Лигата на Шампионите. Во Скопје гостува екипата на Фленсбург во рамките на 4.коло од Лигата на Шампионите. Ова е само втор натпревар за избраниците на Алушовски, со оглед дека претходните дуели со Елверум и Пик Сегед беа одложени.

Голманот на Фленсбург, Бергеруд, смета дека мала предност за неговиот тим што ќе игра во празна сала, ако се знае какви навивачи има Вардар и каква атмосфера приредуваат.

-Спортскиот Центар „Јане Сандански“ важи за „зовриен лонец“. Сепак, во периодов на корона сè е поинаку. Тоа е секако мала предност за нас во оваа ситуација. Салата нема да биде преполна и гласна како што е обично.

Натпреварот ќе започне од 20:45 часот со директен пренос на МРТ и Арена Спорт 2.