Капитенот на ФК Вардар, Дарко Мицевски вчера го имаше своето деби за А-селекцијата на Македонија. Играчот од средината на теренот влезе во игра во 88.минута од натпреварот и ги одигра последните минути без грешка.
Уште еднаш се потврдува фактот дека Вардар давал и ќе дава во иднина квалитетен фудбалски кадар за репрезентацијата на Македонија.
Во следниот квалификациски циклус, очекуваме уште повеќе Вардарци да добијат повик од селекторот на Македонија.
Честитки за Дарко Мицевски!