Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Супер игра на Вардар за водство на полувреме
Супер игра на Вардар за водство на полувреме

Супер игра на Вардар за водство на полувреме

Ракометарите на Вардар одиграа супер прво полувреме и заслужено имаат предност од два гола разлика, 17-15 .

Првиот дел во целост му припадна на тимот на Вардар. Освен на стартот, актуелниот Европски шампион го контролираше првиот дел во целост, па дури во некој мигови од натпреварот имаше и напад за дури пет позитива. Сепак и ова е добро. Сите играчи во редовите на Вардар кои влегоа во игра беа расположени во нападот, а во одбраната и Кизиќ имаше свој придонес со четири одбрани. Да напоменеме дека и Талески постигна два погодоци, а добар беше и Стоилов со три, исто толку постигнаa и Дибиров и Чупиќ во првите 30.минути.

Само вака да продолжи Вардар и во вториот дел.