Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Вардар Јуниор без бодови од гостувањето кај Металург
Вардар Јуниор без бодови од гостувањето кај Металург

Вардар Јуниор без бодови од гостувањето кај Металург

Актуелниот освојувачот на Купот на Македонија, тимот на Металург дојде до лесна и убедлива победа  против Вардар јуниор. Сино-белите триумфираа со високи 41:17.

Домаќинот го исконтролира дуелот на самиот почеток кога отвори со високи 4-0. Потоа од минута во минута ја зголемуваше предноста над младиот црвено-црн тим. За кратко отидоа на плус осум поведувајќи со 10-2, потоа момците на Петрушевски и Манасков имаа краток период во кој беа подобар противник и намалија на 11-5. Сино белите на одмор заминаа со високи десет плус, на семафорот стоеше 19-9 за домаќинот. Во вториот дел немавме сили да се спротиставиме на расположениот домаќин кој победи со 24 гола предност односно со резултат 41-37.

ВАРДАР ЈУНИОР: Гогов, Јакимовски 1, Јанковски, С. Чакалиќ, С. Крстевски 3, Гашовски, Димевски, Х. Чакалиќ 1, Андоноски 2, Анѓелковски, Стојановски, Анѓеловски, В. Крстевски 3, Атанасовски 3, Ќосевски 1, Дука 3.