Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Билетите се во продажба за дуелите во ЛШ на машкиот и женскиот ракометен тим Вардар
Билетите се во продажба за  дуелите во ЛШ на машкиот и женскиот ракометен тим Вардар

Билетите се во продажба за дуелите во ЛШ на машкиот и женскиот ракометен тим Вардар

Викендов кој е пред нас ни носи две пресметки на ракометните екипи, женската и машката Вардар во елитната лига на шампионите. Двата меча се играат на домашен терен во салата “Јане Сандански“-Скопје. Навивачите и фановите на двата тима ќе имаат можност да проследат интересни дуели од елитата, за истите достапни се веќе билети во продажба.

Натпреварот меѓу РК Вардар и Висла Плок на домашен терен во Лигата на Шампиони,  ќе се одигра на 4 март со почеток во 17:00 часот. Тоа е последен дуел од групната фаза во шампионската лига оваа сезона, за истиот билетите веќе се во продажба. Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ „Јане Сандански”, секој работен ден од 10 до 18 часот и во продажната мрежа на ТикетПлус.

Цена на билети:
   – Стоење – 150 денари
   – Трибина – 350 денари

task-photo-e7137a74-bbdb-4e4b-af4b-ef3613b897d5-660x325

Женскиот ракометен тим Вардар следниот натпревар против екипата на Битигхајм во Лигата на Шампионите на домашен терен ќе го одиграат на 02.03.2018 (петок) со почеток во 19:00 часот во својот храм С.Ц. Јане СанданскиСите оние кои што сакаат да го проследат натпреварот и да им помогнат на црвено-црните да стигнат до нова победа можат да го купат својот билет на билетарницата на С.Ц. Јане Сандански секој работен ден од 10:00 – 18:00 часот или пак онлајн на www.ticketplus.mk

Цени: 

Трибина – 150 МКД

Повеќе информации може да се добијат и на:

Дополнителни информации за продажбата на билети  можете да добиете на телефонскиот број + 389 (2) 2 401 980, како и на info@ticketplus.mk и www.rkvardar.com.mk