Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Билети повеќе нема, „6.000 грла” во сабота ќе навиваат за Вардар!
Билети повеќе нема, „6.000 грла” во сабота ќе навиваат за Вардар!

Билети повеќе нема, „6.000 грла” во сабота ќе навиваат за Вардар!

Очекувано, на три дена пред дуелот Вардар – Веспрем билети повеќе нема во слободна продажба. Ова значи дека ракометарите на Вардар уште еден натпрвар ќе уживаат и ќе играат пред преполн СЦ. „Јане Сандански”. Со помошта на публиката очекуваме да „падне” и незгодниот тим на Веспрем.

Инаку, в сабота во Скопје доаѓаат Арпад Штербик и Давид Дејвис. И двајцата, посебно првиот треба да бидат пречекани на незаборавен начин, исто како што беа пречекан Илија Абутовиќ и Лука Циндриќ оваа сезона.

Натпреварот помеѓу Вардар и Веспрем е закажан за сабота (16.02.2019) со почеток од 17.30 часот.