Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Били Мишевски: Со “Јуниор“ лигата се чуствуваме како славните играчи, патување како екипа, дружење, играње напревари, бодрење од публиката и уште многу незаборавни моменти

Били Мишевски: Со “Јуниор“ лигата се чуствуваме како славните играчи, патување како екипа, дружење, играње напревари, бодрење од публиката и уште многу незаборавни моменти

На завршниот турнир во “Јуниор“ лигата, кај генерација родени “2002/03 година првото место и припадна на екипата на РК Преспа од Ресен. Избраниците на Иван Ангелковски ја оправдаа улогата на фаворит и во големото финале беа подобри од екипата на РК Шампион. Претходно во полуфиналето го совладаа и Делчево. Така Преспа го одбрани трофејот во лигата, освоен од минатата сезона. Најдобар стрелец во финалниот натпревар за Преспа беше Били Мишевски кој дуелот со РК Шампион го заврши со девет постигнати голови.

-Очекувањата за оваа натпреварувачка сезона од стартот беа исти како и минатата. Сите бевме мотивирани за добра игра и борба за освојување на трофејот. Сезоната во “Јуниор лигата“ беше многу добра како и изминатата и покрај тоа што понекогаш имавме по два натпревари во еден ден, ние останувавме на врвот и тоа уште повеќе не мотивираше да продолжиме со нашите победи. Последните два натпревари во рамките на завршниот турнир беа малку напорни бидејки се играа во ист ден, но ние влеговме на терен со иста желба да бидеме најдобри и да го освоиме трофејот. Имавме респект кон противниците и знаевме дека треба да останеме сконцентрирани во текот на целиот меч, за на крај да излеземе како победници. Честитки и за нашите противници на Ф4, кои ни пружија достоен отпор и прикажаа фер и коректна игра.

 

vardarfans-rk-prespa-660x330

Мишевски ја потенцира значајноста на “Јуниор“ лигата, која им донела многу незаборавни моменти, со надеж дека следната сезона ќе биде уште подобра со зголемен број на школи кои ќе се вклучат во овој голем проект на РК Вардар.

-“Јуниор лигата“ е многу добар проект на Вардар и мислам дека треба да се продолжи бидејќи тука може да се развиваат добри играчи. Мене лично ми помогна да стекнам добро искуство кое во иднина ќе ми помогне бидејќи со “Јуниор лигата“ едноставно го осетивме она што и славните играчи го доживуваат, а тоа е патувањето како екипа, дружењето, играњето натпревари со повеќе екипи, бодрењето од публика и условите во салите кои беа прекрасни. Имам многу добри моменти што неможам да издвојам посебно. Едноставно прекрасно поминати пет месеци во “Вардар јуниор лигата. Се гледаме од наредната сезона, се надевам со зголемен број на учесници и поинтересни натпревари.

Звонко Ивановски