Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Антониј Мисаилески: Одигравме одлична сезона , прикажавме добри игри и добивме доста важни натпревари благодарение на нашите тренери Чивлачки и Грчевски

Антониј Мисаилески: Одигравме одлична сезона , прикажавме добри игри и добивме доста важни натпревари благодарение на нашите тренери Чивлачки и Грчевски

Вардар го освои второто место во машката ракометна кадетска лига. Ова е епилогот од завршниот турнир кој во неделата се играше во спортската сала во населбата Автокоманда. Првото место е за екипата на Металург, која во големото финале го победи токму Вардар, додека со бронзениот медал се закити тимот на Струга. Во полуфиналето црвено-црните беа подобри од Струга. За впечатоците од завршниот турнир за оваа натпреварувачка сезона можете да прочитате од играчот на Вардар, се работи за Антониј Мисаилески.

-Пред се знаевме дека не очекуваат тешки натпревари на завршниот турнир во Автокоманда и за тоа се спремавме долго време. Во полуфиналето против Струга влеговме доста мотивирано и добро го отворивме натпреваро. Игравме добро прво полувреме и успеавме да бидеме во водство по првите 30 минути. Второто полувреме не беше на ниво како што може да изигра оваа екипа, но сепак обезбедивме финале.

Металург речиси во текот на целиот натпревар имаше водство и контрола на резултатот, иако Вардарци во неколку наврати се доближија на само еден гол негатива, дури и го израмнуваа резултатот. Сепак на крајот пресудеа техничките грешки кои беа повеќе на страната на Вардар.

27

-Според мене за натпреварот со Металург пресудно беше тоа што во последното коло ги добивме на домашен терен и во текот на целиот тој натпревар бевме во водство. Овој финален натпревар го дочекавме не доволно сконцентрирани и го отворивме со доста грешки, не само на почетокот туку и во текот на целиот натпревар. Противникот знаеше да го искористи тоа и долго време беше во позитива , на неколку пати успеавме да се доближиме и да изедначиме, но со многу технички грешки тешко е да добиеш добра екипа на домашен терен и тоа во финале. Се разбира дека можевме многу подобро, оваа екипа може и знае многу подобро да игра. Тоа го докажавме на претходните натпревари, како во кадетска така и во младинска конкуренција.

Кадетите оваа сезона одиграа 12 натпревари во лигата и забележаа 10 победи и 2 порази и двата од екипата на Металург на теренот на противникот. Истата екипата како помала генерација е дел и од младинската лига, каде нема да се пласираме на завршниот турнир, но сепак искуството од овие натпревари е големо и непроценливо за овие млади момчиња.

-Одигравме одлична сезона, прикажавме добри игри и добивме доста важни натпревари благодарение на нашите тренери Чивлачки и Грчевски. Ова ми е прва сезона во дресот на Вардар и според мене го дадов максимумот и ја оправдав добербата на тренерите , но се разбира секогаш може подобро и ќе одиме кон тоа, како јас така и моите соиграчи.

Звонко Ивановски