Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Словаците Мандак и Рудински ќе бидат арбитри на мечот Вардар – Митјиланд

Словаците Мандак и Рудински ќе бидат арбитри на мечот Вардар – Митјиланд

Европската ракометна федерација ја одреди судиската двојка која ќе ја дели правдата на возвратиниот натпревар во рамките на четвртфиналето во ракометната Лига на шампиони. На саботниот натпревар во Скопје главни судии ќе бидат Борис Мандак и Марио Рудински од Словачка. ЕХФ делегат ќе биде Ања Фрешер од Словенија.

Вардарки на овој натпревар ќе бранат позитива од два гола стекнати на првиот натпревар во Данска. Овој меч во сабота започнува со почеток од 17 часот и 30 минути.